ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

За Прилеп формирана дополнителна комисија за туѓа нега

725

Формирани се две нови комисии за туѓа нега (Комисија за издавање на конзилијарно мислење за корисниците на правото за надоместок за помош и нега од друго лице и надоместок за попреченост), за граѓаните на Прилеп и Гевгелија и регионот, соопштија од министерството за здравство .

Новоформираните комисии покрај постоечките треба да одговорат на потребите на пациентите од овие два града, како и околните општини. Комисијата за издавање конзилијарно мислење и наод, освен во Прилеп, ќе ги покрива и општините Крушево, Македонски Брод, Долнени и Кривогаштани.

Целта е со формирањето на двете нови комисии да се намали периодот на чекање на граѓаните кои треба да го остварат правото на надоместок за помош и нега од друго лице. Сега граѓаните нема да треба да патуваат и нема да се изложуваат на дополнителни трошоци за одење во друго место, далеку од градот во кој живеат.

Изминатиов период Министерството за здравство ги зголеми термините за разгледување на медицинската документација за секоја од стручните комисии од 200 на 280 барања месечно. Со новите комисии и зголемување на термините ќе бидат задоволени потребите и навреме ќе бидат разгледани сите поднесени барања на граѓаните, стои во соопштението.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: