ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Државјаните на Македонија кои живеат во странство ќе можат да се пријават за гласање на референдумот

538

Од денеска, до 23-ти август, државјаните на Македонија, кои живеат во странство, ќе можат да се пријават за гласање на референдумот преку интеренет-апликација на страната на Државната изборна комисија или да поднесат барање во Дипломатско-конзуларните претставништва во земјите каде што живеат. Гласањето на дијаспората ќе се спроведе на 29 септември.

Доколку решат да дојдат во Македонија и да се изјаснат тука, тогаш иселениците нема потреба да се пријават во ДКП-та или преку апликацијата, нивните имиња се заведени со последната пријавена адреса во Македонија.

Гласањето на дијаспората досега не беше опфатено со Законот за референдум, иселениците добија можност да гласаат од 2011 година.

 

Од денеска до 23 август трае и рокот за увид во Избирачкиот список. Доколку граѓаните забележат неправилности или недостатоци и доколку сметаат дека е потребно да побараат измена, дополнување или бришење на податоците, тоа ќе може да го направат со барања што треба да ги поднесат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: