ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ГАЛЕРИЈА) ПОТПИШАНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ СОУ “НАУМ НАУМОВСКИ – БОРЧЕ” – КРУШЕВО И ССУ И ГИМНАЗИЈА “ВИЛМОШ ЖОЛНАИ”-ПЕЧУЈ од УНГАРИЈА

1.022

СОУ ”Наум Наумовски-Борче”- Крушево воспостави соработка со Средното стручно училиште и Gимназија “Вилмош Жолнаи” од унгарскиот градот ПЕЧУЈ.  Директорите на две средни училишта потпишаа договор со кои во иднина соработката ќе опаќа повеќе активности во кои ќе бидат вклучени и учениците и наставниците од двете  училишта : размена на ученици, натпревари од областа на гастрономијата и послужувањето,но и соработка помеѓу двете гимназии,од Крушево и Печуј.

На средбата на потпишувањет беа присутни Амбасадорот на Република Унгарија во Репбублика Македонија, Градоначалникот на Општина Крушево и преставнци од јавниот сектор.

По потпишувањето на договорот гостите беа послужени и со гурмански специјалитетеи  токму, во ресторанот кој е  во склоп на СОУ ” Наум Наумовски-Борче”-Крушево,при што беа послужени традиционални јадења карактеристични за Македонија и градот Крушево.

Во изминатите неколку дена унгарските гости ги разгледаа убавините на Крушево, се запознаа со неговата култура, традиција и храна.

Снежана Миленковска директорката на училиштето СОУ ”Наум Наумовски-Борче”- Крушево изјави “Горди сме што успеавме да воспоставиме соработка со Средното стручно училиште и гимназија “Вилмош Жолнаи”,од Унгарија.Но, нашето училиште планира да воспоствува соработки и со други училишта, надвор од границите на Република Македонија. Во иднина ваквите соработки  ќе бидат практика, не само со Унгарија, туку и со останатите држави, со цел заедно да придонесиме за одлична промоција на  училиштето и град Крушево”, изјави Миленковска

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: