ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Двајца починаа, 34 се заболеа во последните 24 часа – ќе се воведува ли полициски час?!

673

Во последните 24 часа во Прилеп регистрирани се 34 нови случаи на ковид-19,  оздравеле 42 лица, а се активни 690 лица. Во последните 24 часа во Прилеп починати се 2 пациенти (77г, 66г) и двајца пациенти од Крушево (55г,76г). Пациентите се починати во болнички услови.

Ќе се воведува ли полициски час?!

Министерот за здравство, Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести, денеска на Главниот координативен кризен штаб предложи воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава. Полицискиот час би траел две недели и ќе важи и за време на викендите. Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да почне полицискиот час и до кога да трае истиот, а Владата утре треба да одлучи дали од среда ќе се воведе полициски час .

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: