ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Две децении од постоењето прославува Младински совет Прилеп

721

Младински Совет Прилеп годинава прославува 20 години од своето постоење. Годините исполнети со многу проекти, активности, млади, секојдневни настани, дружење и работа за поголема младинска вклученост за доброто на заедницата, Младински совет ја заокружува со дводневни активности на отворено за млади, насловен како „Младите за МСП“. Волонтерскиот сектор на организацијата моментално го сочинуваат 60 локални волонтери од општина Прилеп.

– Прославата вклучи различни активности: инфо ден, промотивна кампања, филмска вечер, друштвени игри и сл. а главната прослава се одржа на синоќа на Камената бина во центарот на градот, кога настапија млади музичари и локални бендови од Прилеп.

Вечерва, на Паркот Могила ќе се одржи филмска вечер на отворено на амфитеатарот со почеток во 19:30 часот со прикажување на урнебесната комедија „White Chicks“ вели Маја Стевановска од МСП.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: