ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во тек санација на неколку патни правци во прилепска Пелагонија

673

Екипи на Македонија пат деновиве, работат на санација на неколку патни правци кои ги поврзуваат општините Прилеп и Кривогаштани, а паралелно се асфалтира и во долненско. Се работи на подобрување на состојбата на регионалниот пат Галичани – Кадино Село и Кадино Село – Боротино каде се пополнуваат ударните дупки. На терен за увид во градежните работи денеска беа министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Македонија пат, Беким Мемеди заедно со градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на општинскиот Совет, Миле Талевски

– Јас се надевам дека со оваа санација на патот, на кој не било интервенирано 20-30 години, ќе го подобриме овој патен правец, а следната година планираме патот од Кадино Село до Боротино целосно да го рехабилитираме. Имаме одлична соработка со директорот на ЈП „Македонија пат“, така што и во наредните денови ќе продолжиме да работиме на санација на патиштата во овој регион, со цел да им излеземе во прсрет на граѓаните и она што во изминатиот период сме го ветувале како Влада, да го реализираме. Покрај изградбата и рехабилитацијата на голем број автопатишта и експресни патишта, продолжува со несмален интензитет и на санацијата на локални и регионални патишта. Ги повикувам градоначалниците со нивните проекти да аплицираат во проектот на Светска банка од 70 милиони евра, со цел да им се помогне во изградбата и реконструкцијата на локалните патишта“, истакна Сугарески, напоменувајќи уште еднаш дека предвидена е реконструкција на патниот правец Кривогаштани – Крушево и дека во моментов се работи на проект за автопатско решение на патот Прилеп – Битола.

Општина Прилеп продолжува со реализација на програмата за патната инфраструктура не само во градот, туку во населените места.

– Се санираат патиштата во овој регион, во кој гравитираат селата Галичани, Кадино Село, Беровци, Мало Коњари. Се врши рехабилитација на регионалниот пат од Галичани до Кадино Село, што секако дека ќе биде во корист на граѓаните од овој регион. Ќе продолжиме со санација и проширување на регионалниот пат од Тополчани до Канатларци“, најави градоначалникот Јованоски.

ЈП Македонија пат во Пелагонија ќе работи на неколку патни правци

– Ќе го споменам проектот кој денеска го започнавме во општина Долнени, тоа е патот од Црнилиште до општина Чашка. Прв пат после 50 години се асфалтира тој пат, со кој на жителите од општина Долнени за 60 километри им се скратува патот до Скопје. Тие повеќе нема да патуваат преку Плетвар, туку преку Бабуна ќе се приклучат на автопатот кај Велес. ‘Македонија пат’ ќе учествува со хоризонтална и вертикална сигнализација. Комплетно е обележан патниот правец Битола – Прилеп, а утре обележувањето ќе продолжи кон Плетвар“, изјави директорот на ЈП „Македонија пат“, Беким Мемеди.

Во наредните 10 тина дена директорот Мемеди најави дека ќе започне целосно асфалтирање на патот Воѓани – Бучин.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: