ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Две нови инвестиции во Витаминка

672

Прилепскиот и македонски бренд за модерна компанија – Прехранбената индустрија Витаминка продолжува со инвестицискиот тренд. Проширување и осовременување на капацитетите, создавање услови за подобра логистика и модерни услови за вработените, тоа е тековната инвестиција на компанијата која годинава започнува 7ма деценија од своето постоење.

– Во фаза се две инвестиции во Витаминка. Првата е инвестиција во фабрика број еден, каде што градиме нов фабрички ресторан за нашите вработени и ги прошируваме канцелариските простории, за да ги подобриме условите за маркетинг. И втората инвестиција е во фабрика број два, со нов магацин за готови производи на површина од 3.000 квадратни, современо складиште со три различни зони. Освен тоа планираме и изградба на фотоволтаици за производство на струја за потребите на производството“, рече Сашо Наумоски, генерален директор на „Витаминка“.

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски од „Витаминка“ ги започнуваат посетите  на  поголемите прилепски компании.

– Не случајно ја одбравме за старт „Витаминка“, бидејќи претставува лидер во својата дејност во регионот и пошироко. „Витаминка“ е компанија која што перманентно инвестира во проширување и осовременување на своите капацитети. Од друга страна особено е значајно местото на ‘Витаминка’ во локалната заедница, зашто таа е општествено одговорна компанија, што ги поддржува сите културни манифестации и спортски клубови, така што сите го чуствуваме бенифитот. Општина Прилеп ќе ја даде максимално својата поддршка на компанијата, истакна  градоначалникот Јованоски.

Од менаџерскиот тим на Витаминка информираат дека годинава очекуваат да ги завршат отпочнатите инвестиции. Логистичкиот центар ќе располага со 6 рампи за товарање и посебни врати за прием на готовиот производ. Во него ќе биде применет најсовремен софтвер и ќе се користат најмодерни софистицирани вилушкари. Со оваа инвестиција Витаминка планира да ги надмине проблемите со испорака кон потрошувачите во наредните 20 години. Новиот фабрички ресторан ќе ги подобри условите за работа, а паралелно се работи на проширување на производството во работната единица Бомбони.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: