ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Подрачната единица на МЗШВ во Прилеп започна со издавање „бели картони“ за тутунопроизводство

791

Со задоцнување од неколку денови во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Прилеп почна издавањето евидентни листови или таканаречени „бели картони“ за новата реколта тутун. Со тоа, отпочнаа подготовите за новата сезона од производството за тутун.  Годинава се очекува поголем интерес за тутунопроизводство во регионов, рече за Радио Пела – Зоран Пачешкоски, раководител на подрачната единица на ресорното министерство која ги покрива општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени.

– Министерството започна со процедурата за издавање на бели картони за тутунопроизводство за новата реколта.  Најавено беше да почнеме во понеделникот, но поради проблеми со електронскиот систем за неколку денови се пролонгираше старот. Годинава очекуваме да бидат издадени над 13.000 во споредба со лани кога беа издадени 10.800 евидентни листови. Интересот за оваа индустриска култура не стивнува, особено што на тутунарите добро им се плати ланската реколта со просечна цена над 217 денари за килограм, вели Пачешкоски и додава дека во  првите денови од отпочнување на процедурата за издавањето на бели картони нема поголеми редици пред канцелариите на подрачната единица во Прилеп. Доколку се појави потреба, подрачната единица ќе им се излезе во пресрет на земјоделците со работење и во две смени. Инаку, евиденционите листови за планирани површини под тутун се потребни за склучување договори со откупувачите на тутун. Основната причина поради која се очекува зголемен интерес е добрата цена која тутунарите ја добија за вложениот труд од ланската реколта. За годинава најавени се вкупно 10 откупувачи, со една компанија повеќе од лани. Откупот сеуште официјално не е завршен, според законската регулатива крајниот рок за преземањето на тутунот е 15 ти март.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: