ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Двојно поголема вештачка трева за подобри услови за параглајдинг

710

Крушево ќе постави двојно поголема вештачка трева  на полетувалиштето на Мечкин Камен. Со оваа планирана е замена на старата трева, поставена во 2018 година, со нова, за подобри условите за параглајдинг, а полетувалиштето ќе се оспособи за одржување на поголеми првенства, со што ќе се подигне квалитет и безбедност .

Проектот чини околу 4 милиони денари.Парите се доделени преку програмата за финансирање на проекти за развој на планските региони, потпрограма ОА Рамномерен регионален развој, во 2020 година со одлука на Влада.

На овој проект општина Крушево аплицираше заедно со општина Могила, за целосниот проект да чини 8 396 467 ден.

Во меѓувреме, локалната самоуправа обезбеди и 4 милиони денари за изградба на објект на полетувалиштето.

Сите подготовки се во рамките на очекувањата за  организирање на Светско првенство во змајарство, во 2021 година, што Крушево треба да го добие како домаќин .

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: