ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ИЗЛОЖБА „100 РАРИТЕТИ НА РУСКАТА ДРЖАВНОСТ“

633

“100 раритети на руската државност” е изложбата што попладнево беше отворена (17-ти февруари ,понеделник) во  изложбениот салон на ЦК„Марко Цепенков“.

 

Се работи за уникатна збирка на документи, претставени на 36 паноа,  кои ги отсликуваат најзначајните периоди на историјата на Русија за повеќе од илјада години, од 11 до 21 век.

      Посетителите  ќе имаат можност да се запознаат со документарните раритети  на Русија, како што е настарата руска ракописна книга „Остромирово Евангелие“, првиот руски законик „ Руска правда“, Родословот на московските кнезови од 17 век, документи потпишани од Ленин и Сталин, документите за формирањето на СССР и неговото прекинување, се до Федералниот уставен закон од март 2014 година за прифаќање на  Република Крим и градот Севастопол во состав на Руската федерација .

Изложбата ја отворија Рубинчо Белчески, директор на ЦК „Марко Цепенков“, а Н.Е. Сергеј  Баздникин – амбасадор на Руската федерација во земјата истакна

 

Прилеп е најинтересен град, со богата културна и историска традиција и има значајна улога во зајакнувањето на тесните врски помеѓу двата братски народи од нашите земји. Во Прилеп редовно се одржуваат бројни манифестации чии гости се руски изведувачи.  Затоа во Прилеп ви ја преставуваме оваа изложба од најзначаните документи од руската историја, во текот од повеќе 1000 години . Занчајно е тоа што за секој документ руската амбасада направи опис на македонски јазик. За прв пат изложбата беше преставена мај, минатата година, во Музејот на македонската борба за независност , во Скопје. Поради големиот интерес, со министерот за култура  решивме да ја прикажеме и во другите градови на Македонија„ –  рече амасадорот на Руската федерација во земјава, Н.Е. Сергеј  Баздникин

На изложбата присуствуваше и градоначалник на општина Прилеп, Илија Јованоски, која ја истакна важноста од меѓусебната културна соработка помеѓу двете земји.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе