ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Се е подготвено за стартот на 44-тиот Фестивал за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

612

Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ ќе се одржи ,в петок и в сабота, во Прилеп и на Рудина кај Долнени. Околу 250 изведувачи на народните инструменти, на гајда, тапан, кавал и исполнители на изворни песни ќе учествуваат во двете фестивалски вечери.

Мораше да се ограничиme бројот, бидејќи имавме и ограничени средства на располагање. Но, грижата за зачување на изворниот фолклор што е и основната  цел на фестивалот, единствен од ваков вид во Македонија, ни дава елан да ја чуваме и продолжиме оваа манифестација. Селекторот и уметничкиот директор, професор Родна Величковска, мораше да направи селекцијата од околу 700 заинтересирани.Но имаме многу интересни ученици кои се на возрас од 7 до 77 години.На Рудина во Долнени ќе се чуе гајдата,но и кавалот,тапанот,зурлата…Затао ги поканувам стеи да дојдат и да ја збогатат оваа манифестација –  вели членот на организациониот одбор на фестивалот, Златко Лашкоски

Денеска во спомен куќата на оснивачот на фестивалот,Пеце Атанасоски во Долнени,  започна и петдневниот семинар за изучување на изворните инструменти и песни. Семинарот е во рамките на Фестивалот и на него учествувааат околу 15 деца со кои  работи етномузикологот Горан Василески, кој овие денови ќе им ги открива тајните на изворните песни и инструменти

–         Една од најбитните цели е зачувување и пренесување на богатото вековно изворно творештво на новите генерации. Семинарот тоа го прави упатувајќи ги младите во начинот на изворното пеење и музицирање. Задоволство е да се работи и да се пренесува народното творештво, а интересот постои, вели Василески.

Фестивалот ќе биде отворен в петок од 20 часот на плоштадот „Александрија“ во центарот на Прилеп кога ќе настапат дел од учесниците. Главната натпреварувачка вечер е в сабота од 18 часот на Рудина кај Долнени, лулката на Фестивалот. Жири комисија ќе ги оцени и ќе ги прогласи најдобрите изведувачи на народни инструменти и песни. Ќе бидат доделени Гран при наградата за најдобри изведувачи и гајдата на Пеце Атанасовски за најуспешниот гајдаџија што традиционално ја доделува општина Долнени.

 

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе