ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Еден час исклучени сите ТВ канали, освен МТВ

439

Кабелските оператори во земјава, попладнево од 18:10 до 19:10 ч. ги прекинаа телевизиските канали вклучително и македонските (освен МТВ) во знак на протест поради неодржливоста на сегашната правна рамка и наметнатите неуставни обврски.

Операторите се жалат дека се приморани на оваа непопуларна мерка поради наметнатите нови правила кои, според нив, се неприменливи,по што од 6 август ќе бидатпринудени  да ги изгасат каналите.

Ова се должи на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги, што Собранието ги донесе на денот на распуштањето, по скратена и нетранспарентна постапка и без претходна јавна расправа. Операторите велат дека законските измени им наметнуваат обврска да гарантираат за авторските права на програми кои тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност. Оваа законска обврска за операторите претставува состојба на виша сила и е неприменлива затоа што операторите кои реемитуваат програма не можат да имаат ниту контрола, ниту одговорност за тоа дали се регулирани авторските права за сите поединечни програми што ги создаваат и емитуваат телевизиите.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: