ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Еден век од убиството на Ѓорче Петров

725

На 28 јуни 1921 година во Софија е убиен Ѓорче Петров, револуционер кој целиот свој живот го посветил на борбата за слобода на македонскиот народ. Тој е еден од најверните идејни соработници и следбеници на Гоце Делчев и заштитник на целите и на принципите на ВМРО. Иако бил против предвремено кревање на востанието на македонскиот народ, активно се вклучил во Илинденското востание во 1903 година.

Идеологот на македонската револуционерна борба Ѓорче Петров (Георги Петров Николов) е роден на 2 април 1865 година во прилепски Варош.

По повод 100 годишнината од неговата смрт, делегација на локалната самоуправа на општина Прилеп, предводена од градоначалникот Илија Јованоски, како и претставници на општинскиот Совет и СОУ „Ѓорче Петров“, положија цвеќе пред споменикот на Ѓорче во центарот на градот и пред спомен-плочата на неговата родна куќа во населбата Варош.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе