CSS Template

Хепатитс Б и Ц – подмолна болест која годишно “убива“ 1,34 милион луѓе

Светскиот Ден за Борба Против Хепатитис 28-ми јули

448

По повод Светскиот ден за борба против хепатитисот, 28-ми јули Здружението “ Сочувај Лекувај Асоцијација на Пациенти со заболувања на црниот дроб – СЛАП,  во просториите на ПЗУ Д-р Зероски одржа едукативно предавање и извршија тестирање од хепатитис на лицата кои присуствуваа на овој настан. Целта е подигнување на свеста кај луѓето за оваа ожопака полест која навидум не е присутна,а годишно од неа умираат над  1,34 милион луѓе .Според официјалните податоци од Институтот за Јавно здравје на Р. Македонијаво 2015 година имали 143 новоинфицирани лица вирусниот хепатит.Најмногу во Скопје,па следи Струмица и Прилеп.„Причинате е незнењето“ велат организаторите на овој настан

 

Билјана Мирческа НВО СЛАП                           Др. Македонка Зероска – претставник- ЗЛОМ

 

Радо Пела Каква е состојбата со оваи е болест?

Во Р.Македонија состојбата со хепатитисот според преваленцата еден  заразен на секои 3 лица. Иако ова не се официјални статистички податоци, испитувањата од терен се сигурни показатели дека хепатитот е доста застапен помеѓу популацијата. Проблемот е што во Р.Македонија општата популација е доста незапозната со тоа што всушност претставува хепатитот, никој доброволно не се тестира иако секој еден може да се зарази со вирусот– изтакнува,  Билјана Мирческа Претседател НВО СЛАП

Радо Пела: Што вели статистиката  на глобално ниво ?Како се развива оваа болест?

Мал број од луѓето знаат дека: · Глобално во 2015 год. околу 257 милиони луѓе биле инфицирани со вирусот на Б хепатитис и 71 милион луѓе со хепатитис Ц  · Бројка е за околу 15 пати повеќе од бројот на заразени со ХИВ/СИДА, · ХЦВ или ХБВ убиваат 1,34 милион луѓе годишно, · Помалку од 1/3 (32%) од владите во светот немаат спроведено или финансирано активности за да се намали стигматизацијата или дискриминацијата на лицата кои живеат со ХЦВ или ХБВ,· Едно од три лица на планетата е изложено на некој од двата вируси без да знае.

Радо Пела: Која е вашата предлог? Како треба да се превенира?

Нашата цел оваа година е да се тестираат што е можно повеќе граѓани и да се запознаат со својот статус. Бидејќи не бараме краткорочни решенија со бесплатно тестирање само за време на одбележување на Светскиот ден за борба против хепатитисот, туку нашите барања се до Министерството за Здравство да се напраи: Национална стратегијакаде ќе има задолжително тестирање за хепатитис Ц и Б во склоп на превентивните прегледи за сите граѓани еднаш годишно.Доколку сакаме да се искорени оваа болест до 2030 година како што е Светската стратегија, мора да имаме точен број на пациенти кои се заразени со едниот или другиот вид на хепатитис.Исто така додека е во раните фази хепатитисот се лечи со 100 % успешност, додека во подоцнежните фази од болеста настануваат компликации како цироза, фиброза, рак на црниот дроб, а некои за жал и летално завршуваат. Затоа подобро е ДА СЕ СПРЕЧИ НАВРЕМЕ. бидејќи ХЕПАТИТИСОТ Е ТИВОК УБИЕЦ. -напомнеува  Билјана Мирческа, Претседател НВО СЛАП.

Светскиот Ден за Борба Против Хепатитис 28-ми јули  , е ден за потсетување за  подигање на свеста на глобално ниво. Во 2016 година на 28 мај на Светското собрание за здравство, 194 земји-членки постигнаа историска посветеност за да се елиминира вирусниот хепатит до 2030 година. Глобалната стратегија на здравствениот сектор има за цел елиминирање на хепатитис Б и Ц до 2030 година и се состои од превенција и третман за намалување на смртните случаи како последица од хепатитис за 65% и зголемување на третманот за 80%.

 

НВО СЛАП  е невладино и непрофитно здружение  на граѓани во областа на хуманитарното делување чија цел е чување и унапредување на психофизичкото здравје, социјалното, професионално и семејно функционирање, со развивање на превентивни програми за заштита од црнодробни заболувања, како што се хепатитисот, цирозата, рак на црн дроб, ПБЦ и други заболувања и состојби предизвикани од оштетување на црниот дроб. Своите активности здружението ги  реализира во согласност со светската политика за борба против овие заболувања, бидејќи организација е членка на Интернационалната Алијанса на Организации на Пациенти (International Alliance of Patients’ Organizations, (IAPO)), Европската Организација за Ретки Болести – EURORDIS, а наскоро и на Светската Хепатитис Алијанса (World Hepatitis Alliance (WHA)).


semm
Penata
Farma Dolneni
Vivafarm