ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Фатени тројца прилепчани кои „оперирале“ во Струмица

597

Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера (03.02) приведоа три лица поради основано сомнение дека се сторители на кривични дела „тешки кражби”. На 03.02.2021, по претходно преземени оперативни мерки, а врз основа на наредба од Основен суд Прилеп извршени се претреси во домовите на М.Т.(27), М.Д.(29) и Д.Е.(20) сите од Прилеп, при што се пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела,“тешка кражба“  .

Лицата се сомничат дека се извршители на две кривични дела “тешка кражба“ извршени во декември 2020 и јануари 2021 година во Струмица, при што од два стана со употреба на подесен алат, одзеле пари, златен накит, часовници и други предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од 1.277.030 денари.

По наредба на Јавен обвинител, приведените се предадени на полициски службеници од СВР Струмица. Во текот на денешниот ден (04.02) лицата ќе бидат изнесени пред судот во Струмица.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: