ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

МВР билтен: Физички напади, кражба и пожар

631

Физички напад, кражба и пожар за едно деноноќие бележи билтенот од МВР за  4 февруари годинава за Прилеп. Имено, во Полициската станица во Прилеп , 29 годишната прилепчанка со иницијали И. Ш  пријавила дека на ул.„Димо Наредникот“во Прилеп била физички нападната од лицето С. П.

Истиот ден во ОВР-Прилеп , 44 -годишна жена од Прилеп пријавила дека во нејзиниот дома на улица “Богомилска” во Прилеп нејзиниот невенчан сопруг Е.М  заедно со уште две лица физички ја нападнал и и’ одзел 5.000 денари. За двата случаи се преземаат мерки за расчистување на настаните.

Додека пак во ОВР-Прилеп, 63 годишен прилепчанец пријавил пожар на ул.„Трајко Тарцан“ и тоа во кругот на ЈЗУ Општа болница Прилеп. По брзата реакција од страна на територијалната противпожарна единица Прилеп  пожарот е изгаснат при што е настаната незначителна материјална штета.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: