ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ФК Победа бара нов правичен судиски систем во македонскиот фудбал

581

ФК Победа АД денеска на средба со новинарите излезе со предлози за унапредување на судиската професија и статусот на фудбалските судии во земјава, но и за заштита на клубовите од лоши судиски одлуки. На средбата В.Д.Претседателот и Извршен директор Ирена Јакимоска акцентот го стави на судиите, нивните права, но одговорности, со проактивни клупски предлози за унапредување на професијата фудбалски судија, за што треба да се погрижи пред се Фудбалската Федерација на Македонија, во интерес на македонскиот фудбал и самите судии воопшто.
– Вчера бевме присутни на еден прекрасен натпревар кој беше максимално коректен од играчите на двата тима и за нас беше задоволство да се биде дел од тој натпревар. Меѓутоа за жал недостасуваше публика. Прекрасен стадион, добар фудбал, но нема публика и јас се запрашувам и зошто повеќе нема публика на нашите фудбалски натпревари? Една од причините е демотивацијата која се случува по одлуките на оние во чии раце е моќта да одлучуваат, потенцираше Јакимоска.
Свесно, или несвесно се прават грешки во судиските одлуки кои се рефлектираат на конечните резултати, на фудбалот како спорт, што кај нас во Македонија веќе има негативни ефекти. Пред се посетеноста за следење на фудбалските натпревари е катастрофална.Вчерашниот резултат од 3:0 меѓу Вардар и Победа во Скопје, во целост не ја отсликува реалноста на теренот, беше потенцирано на прес конференцијата.
– Имавме ситуација каде што над еден фудбалер не беа досудени неколку фаули од судијата, меѓутоа она што беш поголема штета е што судјата беше свесен за својата лоша одлука и за да искомпензира не досуди фаули и на спротивната страна. На тој начин, со компензација се прави само негативна атмосфера во самата игра и демотивација кај гледачите. Од тие причини гледачите губат интерес да присуствуваат на натпреварите, посочи Јакимоска.
Од ФК Победа иницираат формирање на Судска фудбалска академија каде што ќе се воспостават норми на судењето, со препорака до ФФМ да се најде правилен систем, така што одговорноста на судијата ќе биде поголема. Ова би значело не само по однос на дисциплинска мерка за судијата, тука и самата Федерација да има одговорност кон клубот за кој што комисијата ќе одлучи дека е оштетен по основ на поени и истиот да се обештети финансиски. Крајната цел е новиот систем да го редуцира степенот на грешките при одлуките на судиите кои пак се рефлектираат врз клубовите и посетеноста на трибините.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: