ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Владата потпиша договор за државна помош со групацијата ВИК

558

Во Владата на Република Македонија денеска е потпишан договор за државна помош со германската компанија ВИК Груп, која во ТИРЗ-Прилеп гради фабрика за производство на мали електрични уреди наменети за домаќинствата.
Договорот во име на Владата го потпиша министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, а во име на инвеститорот, сопственикот на групацијата ВИК, Христоф Дерн и директорот на ВИК Македонија Хелмут Румлер.
Станува збор за договор со кој, во согласност со Законот за ТИРЗ, се овозможуваат даночни и царински олеснувања за компанија и дека бизнис планот на компанијата соодвествува со критериумите и мерките определени во Планот за економски раст. Со тоа компанијата ќе има можност да користи државна поддршка по Планот за економски раст со што се отвораат можности за дополнителни инвестиции и нејзин развој.
Почетна инвестиција изнесува 6 милиони евра и 60 нови работни места, со план во наредните пет години инвестицијата да достигне вредност од околу 12 милиони евра, во неколку фази во период од четири до пет години и вкупно илјада нови работни места.
Компанијата ВИК најави дека како општествено одговорна компанија, дел од производството ќе функционира на енергија од соларни извори, со што ќе дадат придонес кон заштитата на животната средина.
Германската компанија „ВИК“ ќе произведува електронски апарати за домаќинство наменети за земјите во Европската унија.
Ова е трета инвестиција во технолошко-развојната зона во Прилеп.
Фабриката ќе се протега на површина од 5.200 метри квадратни и треба да бидат испорачани првите производи годинава.
Инаку, покрај фабриката на „ВИК“, во Технолошко развојната зона во Прилеп веќе работат компаниите „Гентерм“ и „Акомпласт“. Во инфраструктурното уредовање на зоната се вложени околу два милиона евра, а Владата веќе распиша тендер за изградба на приклучен пат кон зоната во Прилеп“

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: