ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Фондацијата на Заев донира 100 илјади денари за четирите семејства чии куќи изгореа во пожарот од гром

451

Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, во чест на Светскиот ден на хуманоста, донира 100.000 денари на „СОС Детско село“ и 100.000 денари за семејствата на четирите куќи од Прилеп кои неодамна беа опожарени од удар на гром, информираат од Фондацијата.

Под мотото „Потребно е село“, кое асоцира на познатата поговорка „Потребно е цело село за да се одгледа дете“, годинава, под покровителство на Обединетите Нации (ОН), се одбележува 19 Август – Светскиот ден на хуманоста.

„Длабочината на метафората која произлегува од насловот на кампањата, укажува на зголемување на глобалната свест за хуманитарната работа. Ако го разбудиме човекот во секој од нас, сите можеме да бидеме хумани. Денес, како никогаш порано, потребни сме си едни на други. Поаѓајќи од своите цели и начела, да бидеме „подадена рака“ на оние на кои им е потребна, Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, во  чест на Светскиот ден на хуманоста, донира 100.000 денари на „СОС Детско село“ и 100.000 денари за семејствата на четирите куќи од Прилеп, кои неодамна беа опожарени од удар на гром“, се наведува во соопштението од .Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: