ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(Фото) Јубилеј за почит – 60 години од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане” – Прилеп

2.023

Денес, училишното ѕвонче заѕвони во ООУ ,,Кире Гаврилоски -Јане” – Прилеп. Но, не  за редовните ученици, туку симболично, да го означи значајниот јубилеј на училиштето,  60 -сет години од формирањето и постоењето  на оваа воспитно- образовна институција во Прилеп. Првите генерации ученици билa во далечната 1960/61 учебна година.

Фотографија од наставничкиот колегиум во далечната 1950/51
Основно училиште „Кире Гаврилоски – Јане “ ( 50-тит години од минатиот век)


Во првите генерација ученици во учебната година 1960/61 бил и Добривој Настески, денеска по струка земјоделски инжинер. Toj,  заедно со неговиот брат, актуелниот директор од Гимназијата „Мирче Ацев„ -Прилеп , Диме Настески, кои исто така учел во ова училиште, ја посетија  училницата, која денес е реновирана и преуредена,во која Добривој  седнал на првата училиша клупа. Денес овој простор,оваа училница предизвика кај него наплив на емоции. При оваа средба ,чувствата измеѓани со радост,среќа и сеќавања сами навираат, а емоциите се преточуваа во  солзи, па несакјаќи на 67 годишниот  Добривој Настески солзите ми ги навлажнија очите , а гласто затрепери ,бидјеќи,тука на ова место  се вратија најубавите сликите,  сеќавањата на првите школски денови , спомените на неговата генерација, на неговото детство , на неговата учителка Катица Сурлаџиоска, строга, но принципиелна, посветена на правилно воспитување на учениците  …

Веќе 60 години секој први септември одѕвонува училишното ѕвонче. Оваа година поради состојбата со коронавирусот, нашето училишно ѕвонче заѕвони симболично само да им најави на учениците и да им даде надеж дека наскоро повторно ќе се вратат во училишните клупи и ќе се дружат со своите соученици и наставници. – рече при оваа средба директорка , Кети Стевананџија, која збируваше за почетоците на виспитно-работниот процес на училиште во далечната 1960 година, па се до денес.

 

Одбележувањето на 60 годишнината од постоењето на ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ беше надополнето и со прекрасниот гест на  поетот Филип Димкоски, кој на училиштето им подари вредни книги, книги од неговата баба, Лилјана Димкоска, која била некогашен професор по физика и математика во ова училиште.

„Јас , своите први школски денови, ги започнав во ова училиште. Во ООУ „Кире Гаврилоски- Јане“ се моите спомени од едно прекрасно детство, но и  спомените на една одлична генерација ученици со кои учев, и наставници кои ми го дадоа темелот на моето образование.Споменот на ова училиште и враќањето кон него е важен момент за мене, зашто во ова училиште не учев самој јас. Тука учеле сите од мојето семејство, генерации пред мене, мојот татко, чичко, а мојата баба била и професор по физика и математика, токму тука,  и им предавала на многу генерации ученици.  Денес,  нејзината стручна збрика книги им ги подарувам од се срце на училиштете , мал мој придонес за збогатување на библиотечниот фонд на училиштето, но и да им овозможиме на учениците да дојдат до одличени едукативни содржини, поврзани со овие природни науки.„- рече  Филип Димкоски 

 

Дел од книгите, Филип Димкоски му ги подари и на математичар Филип Темелкоски, ученик во ова училиште од IX1 одд , која ја има освоено Втората награда на државното првенство по математика. Димкоски му подари збирки на задачи од неговата баба Лилјана Димкоска  и на неговата менторка Ирена Аџиоска, наставник во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“

Целиот настан кој се одржа во почитување на мерките за заштита од пандемијата, и се одвиваше во училишниот двор ,заврши со прекрасната рецитација на Софија Оџаклиеска, ученичка од ООУ Кире гаврилоски Јане ,  од VIII 2 одд

што само посебе потврдува, колку талентирани и едуцирани генерации ученици создава ова основно училиште, кое  денес одбележа шест децении од неговото постоење

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: