ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ФОТО) Пред убавината и боговите молчат – прилепските силисти со прекрасни впечатоци од „HAIR FAIR 2018″

2.066

Со Со пофалници, благодарници и прекрасни импресии прилепските стилисти се вратиа од меѓународната манифестација „HAIR FAIR 2018″, која се одржа во Охрид, во организација Македонската Фризерска Асоцијација на која учествуваа стилисти од Македонија, Италија, Белгија, Холандија, Турција, Грција, Бугарија, Србија, Албанија и Косово.

Фризерот ,Дарко Костадиноски од фризерското студио „Ema place“ учествуваше во натпреварот за изаботката на невестинска фризура, каде учество 12 натпреварувачи. Кавадарчани  го освоија првото место во изработка на стилската т.н „невестинска пунџа“. Но, „невестинската“ на Костадиноски беше отценета како најпраткична, наприменлива и највпечатлива невестинска фризура, која ја носеше неговиот модел Валентина Ѓорѓиоска.

 

„Не ми е жал што не добив награда, јас сум презадволен од мојата израбока. Сепак ова ми е прво натпреварувачко искуство и до година подобро ќе се подготвам.“- рече тој за Радио Пела

 

Манифестација „HAIR FAIR 2018″, остави длабок впечаток на мене со идејните, креативни решениа, стилски и модерни фризури. Убаво е да се виде и да што изработуваа врвни стлиски, мајстори како што се Џанкарло Миланезе од Италија, Гоце Ралевски, најдобриот македонски фризер и стилист, од Малме, Шведска.,како и од колегите од Македонија. Јас учествував во ревиалниот дел со моите колешки Афродита и Андријана, и беше прекрасна незаборавно искуство – истакна  ,Миријана Миа Миленковиќ од фризерското студио „МИА„

„Во нашата категорија, во шоуто за перформанси на фризери од фризерските клубови, учествуваа  повеќе стилисти од македонските градови. Учестуваме во ревијалниот дел како Фешен студио „Ренесанса“ и Фешен студио „Шанел“. Беше прекрасно искуството со повеќе стилисти од различни градови и држави да презентир интересна и невообичаена фризура,се разбира постоеше и позиивна трема, но најважно за мене беше максималната поддршкаа што ја  добивма од сите колеги  стилисти од Прилеп и затоа изработивме една прекрасна модна hair креација, која ги мамеше погледите од останатите стилисти„- го пренесе своето искуство, Афродита Илиоска, од Фешен студио „Ренесанса“

„Меѓународната манифестација „HAIR FAIR 2018„ – Охрид беше едно големо искуство за нас како стилисти од Прилеп,осбено што на неа учествуваа стилисти од повеќе држави и наши колеги од Македонија, кои ја презентираа својата умешност, техника и креативност во изработката на фризури и шминка. Асоцијацијата на фризери, бербери и козметичари од Прилеп искрено им се заблагодарува на Македонската Фризерска Асоцијација за поканата, особено на претседателот на македонската фризерска асоцијација, Димче Ивановски, со кој, како асоцијација имаме одлична сорабока. Се надевам дека овие стилисти ќе земат учесвтво и на нашето манифестацијата „Prilep Special show“.што ќе ни биде посебна чест и гордост! – истакна  претседателот на прилепската „Асоцијацијата на фризери, бербери и козметичари“,Зоран Бошкоски по настанот.

Инаку,околу 50 – на прилепски стилисти и неколку ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ ,од парлелката фризери и козметичари, зедоа учество на меѓународната манифестација во „HAIR FAIR 2018 “ во Охрид ,која имаше натпреварувачки и ревијален дел.и која заврши со крациите и изработките  на  Џанкарло Миланезе од Италија, која ја поседува престижната титула HAIR MASTER во Италија и е директор и основач на Giancarlo Milanese International Academy.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: