ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Галовеј: Привилегија и чест е што се запознав со приказната за Трескавец (ФОТО – ВИДЕО)

1.559

https://www.facebook.com/watch/?v=2369067610064140

Амбасадорката на Британија Рејчел Галовеј денеска беше во едночасовна посета на манастирот Трескавец каде имаше можност да се запознае со богатата историја на комплексот и култното место за многу генерации преку кратка прошетка и презентација.

https://business.facebook.com/radiopela/videos/2369067610064140/  

Секое камче, слој на ѕидовите од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ има своја приказна создавана низ вековите. Затоа, „остануваат многу прашања неодговорени“,беше честа изрека на домаќинот отец Калист, кој што сликовито ги пренесуваше историско – културните факти досега откриени за манастирскиот комплекс.

И не само тоа, туку преку возобнувувањето на конаците, како што посочи тој:

„Сакавме да покажеме дека и во 21 век, а не само во вековите претходно, се извршени одредени работи кои ќе останат да сведочат за нашата генерација како влог во иднината“, посочи отец Калист.

„Со мојата работа посетувам многу места и запознавам многу луѓе. Некои од посетите  навистина претставуваат привилегија и се чувствувавам почестена што ја имав таа можност одблиску да се запознаам со приказната за Трескавец. Самиот  манастир е навистина импресивен што е сместен на толкава височина во планината. Бев почестена што имав таква можност да се запознаам со неговата приказна преку сликовитиот приказ на отецот. Мислам дека една од највозбудливите работи е да се види како минастирот ќе живее во 21 век,  и можам да замислам како ќе биде со луѓето овде во трпезаријата. Се надевам дека повторно ќе се вратам и тоа би било прекрасно,  рече амбасадорката Галовеј.

Дека мистиката на ова култно место е секојдневие, потврди домаќинскиот поздрав за довидување. Британската амбасадорка  Рејчел Галовеј доби планински мед како подарок, на што таа особено се израдува.

Зошто?

Гостинката откри дека е еврејка по вероисповед, а од вечерва се слави еврејска Нова Година, кога традиционално во семејството се јаде мед, за годината да биде слатка.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: