ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепските ракометни клубови донесоа бодови од гости

901

Во првото коло од Женската Супер ракометна лига,  ЖРК Деспина –Прилеп се врати од гостувњето во Гевгелија со победа (20:26), полувреме (11:8). Натпреварот беше неизвесен до крај. Тоа беа две различни полувремина кои ги одиграа девојките на Страшо Илиоски. Во првото полувреме прилепчанки не можеа да ја надополнат постојаната разлика од 4 голови, а во второто полувреме со неколку солидни одбрани на голманот Димитриеска и контра нападите на ракометарките  на Прилеп, резултатот се промени во корист на Деспина, па прилепчанки  славеа со 20:26. Најдобар стрелец во ЖРК Деспина беше Конеска, со постигнати 9 голови, а  кај домаќинките Митрова со 8 гола.

Следниот натпревар на ЖРК Деспина е утре, 20 септември, на домашен терен со екипата на РК Спартак – Скопје ,од 19,30 мин.

ПОБЕДА И НА РАКОМЕТАРИТЕ

И ракометарите на РК Прилеп извојуваа победа на гости кај РК Работнички ( 29:34) на полувреме 15-17. Жестока беше играта на ракометарите на Горан Кузманоски, кои пожртвувано го изиграа натпреварот од третото коло на Машката Супер ракометна лига и потврдија дека, иако екипата е млада, имаат сили и амбиции за повисок пласман во суперлигашкото ракометно натпреварување, иако екипата веќе од наредниот натпревар останува без средниот бек , Филип Чурлевски.

Според информациите, вчера на Чурлевски му беше последниот натпревар во дресот на РК Прилеп. Чурлевски кариерата ја продолжува во Финска во составот на екипата Сјундеа ИФ.

 Слендиот натпревар на РК Прилеп е дома , понеделник, во 20,оо ч. против екипата на Младост од Богданци .

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: