ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Генерациска средба која долго ќе се памети

881

Дека детството е најубавиот период од животот, најдобро говорат спомените во поодминати години кога често се навраќаме на најубавото. Првиот ден на училиште, првите задачи, првата учителка или учител, клупата, другарчињата…има ли нешто подлабоко врежано во нас?!
И мораме да си признаеме и пријателството – тогаш е она вистинското. Невиноста, радоста кон животот, играта и задоволството од малите нешта, се е тоа симбол на детството.
Поведени од тие спомени кои вечно се носат во срцето, некогашните основци – од генерацијата првооделенци во 1956 година во Основното училиште „Манчу Матак“ од Кривогаштани, неодамна остварија генерациска средба во своето родно село.
Подготовките за генерацискиот настан, траеја повеќе месеци, а иницијатори за средбата беа Бранко Бунески, Живко Тркалески и Милка Митоска кои ги повикаа спомените, а припомогнаа и грижливо сочуваните фотографии.
– По завршувањето на основното образование, некои останаа во родното Кривогаштани, некои продолжија со школувањето ширум Македонија или странство, па се намалија шансите за дружба, вели Бунески, кој додава дека школските пријатели што останале во Прилеп и Кривогаштани, често настојувале за одржување на една таква средба.
Но бледите фотографии не зборуваат и немаат спомени, па затоа, генерациската средба интензивно подготвувана, се одржа во Кривогаштани, а интересно е што присуствуваше и тогашниот директор на училиштето, кој во тоа време бил и наставник – Ангеле Кироски. Дваесетината „првоодделенци“, денес близу 70 годишници, најпрво се собраа во дворот на училиштето каде положија свежо цвеќе пред спомен бистата на Манчу Матак. Како што е ред, одржаа и школски час. Времето оддвоено за дружба и евоцирање спомени продолжи со заеднички ручек во еден од рестораните во Кривогаштани. Присутните си ветија до година повторно среќавање, но во поголем број, зашто ваквата средба долго ќе се раскажува со што ќе побуди многумина и од подалечните градови, но и од странство да си дојдат токму поради таа причина.

Едно видување, еден век, за жал вакви средби, има се помалку.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе