ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ноќ на музеите во Прилеп, Белчески музејски работник на годината

Светски ден на музеите - 18 ти мај

668

Музеите во Македонија денеска со изложби и активности ќе го одбележат Светскиот ден на музеите 18 мај, a утре ќе се придружат на манифестацијата „Европска ноќ на музеите“. По тој повод Научната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп утре вечер ќе ги отвори за посетители со бесплатен влез – 6 те музеи кои се под закрила на оваа Научна установа.

Посетителите ќе можат да ги посетат Меморијалниот музеј 11 Октомври, спомен куќите на Кузман Јосифоски Питу и на Блаже Конески, Музејот за тутун, Галеријата на икони и Археолошката поставка и тоа од 19 до 1 часот по полноќ. Но, в.д. директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп Благоја Атанасоски, вели дека е недоволна или многу мала посетеноста на музеите. Тие бараат да се зголеми соработката со училиштата.
-Побаравме со допис до Министерството за образование да се зголеми соработката со училиштата, при што посетите на музеите ќе се вклучат во ученичките екскурзии. Исто така сакаме Музејот за тутун да го дислоцираме во градот, бидејќи сега не е постојано достапен – вели Атанасоски.

Интензивно се работи за реконструкција на конаците на Трескавец, проект кој е долгорочен, а во фаза на изработка се проекти за црквата, трпезаријата, магерницата. Атанасоски најави дека наскоро започнуваат археолошките истражувања на Стибера, а годинава ќе се работи на конзервација на живописот на селската црква во Зрзе, проектот за живописот во манастирот во с. Манастир, во Мариово, како и препокривање на спомен куќата од Блаже Конески.
На Светскиот ден престижно признание и за историчарот, кустос-советник од прилепскиот „Завод и музеј“Рубин Белчески, кој од ИКОМ е избран за музејски работник на годината на Македонија. Наградата Белчески ја добива за својата работа и трудот, особено поради поставувањето на своевидната „патувачка“ изложба на документи и фотографии во 2017 насловена „Ченто – биографија низ фотографија“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: