ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Гимназијата “Мирче Ацев„ и касарната, во чест на патронот

839

Денеска, Прилепската Гимназијата „Мирче Ацев“ и прилепската касарна го одбележаа својот патрон празник, 78 години од смртта на народниот херој, Мирче Ацев. По тој повод, преставници од наставничкиот колегиум, предводени од диркторот на Гимназијата, Диме Настески, преставници од локалната власт, градоначалникот, Илија Јованоски, преставници од прилепската боречка организација и војската, положија цвеќе на бистите на народниот херој во гимназијата и прилепската касарна.

Во чест на својот патрон празник, ученици од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, Андреа Стеваноска и Мартин Видевски , заедно со менторите, професорите по историја, Киро Николоски и Николче Богданоски, изготвија видeо проекција за животот и делото на Мирче Ацев, опишувајќи ја неговата заложба и борбата за слобода на Македонија и зачувување на идеалите и патот поставен на Илинденците

Мирче Ацев, е роден 1915 година во с.Оревоец .Израснат е во револуционерно семејство и неговите предци во неколку генерации дале борци за националното ослободување на македонскиот народ. Името го добил по стрико му Мирче Ацев, војвода од времето на османлиското владеење во Македонија. Неговата сестра Вера Ацева исто така учествувала во НОВ и била прогласена за народен херој.

Мирче Ацев е истакнат македонски револуционер,кој заедно со Страшо Пинџур ,упапсени во Велес и измечувани од страна бугарсската полиција во Скопски полициски затвор. По долго физичко измачување во Обласната полициска управа во Скопје и без судски процес, по петдневно ѕверско мачење[5], обајцата биле убиени од бугарската полиција, на 4 јануари 1943 година (биле фрлени низ прозорец). Директни сведоштва за мачењето и убиството на Мирче Ацев, дал,и тогашниот началникот на бугарската државна безбедност Љубомир Јорданов.

Во чест на Мирче Ацев, првиот баталјон на Народноослободителната војска на Македонија, формиран на 18 јули 1943 година.А, во негова денес многу институции го носта неговото име. Бил прогласен за народен херој на Југославија на 29 јули 1945 година,како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување .

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: