9.4 C
Прилеп
четврток, 24 октомври, 2024
Пела Радио

Сојузот не ги повлекува поверениците од вагите, откупот да продолжи!

Собранието на Сојузот на земјоделски здруженија донело одлука поверениците да не се повлекуваат од вагите од почетокот на првата работна недела од годинава. Причините се, според нив се што голем број на тутунопроизводителите сакале да го предаваат производството.

– Донесовме одлука поверениците да не се повлекуваат од понеделник, од причини што огромен број на тутунопроизводители се јавуваат и сакаат тутунот да го предаваат , има останато тутун во пунктовите да не му биде блокиран 10 дена. Ние со секое повлекување на поверениците, само му даваме простор на откупувачите, да не’ стегнуваат во еден ќош за времето да помине, а времето е многу кратко за предавање на тутунот. Ние сакаме што побрзо да се реши , да се откупи тутунот, а не да ги развлекуваме луѓето , затоа што им требаат пари, вели Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија,

Денеска собранието на Сојузот донесле неколку заклучоци кои ќе бараат да се реализираат на средбата со премиерот и уште една дополнителна средба со министерот и откупувачите каде што тие ќе ги искажат барањата.

–  Тие барања се: зголемување на динамиката на откуп на дневна основа, а пунктовите да се отворат и во сабота, за тутунот што побрзо да се откупи. Да се укини проценката по шифри, туку да се откупува по класи. Проблемот со вишокот на тутун што побрзо да биде решен, за до крајот на откупната сезона и тој биде откупен, за од 15 ти таа недела да се делат картони за вишокот на тутун, за целиот тутун да биде преземен, за да не остане во март и тутунарите да бидат уценувани. Од почеток го бараме тоа и пак го бараме – флексибилна линија на терен, за просекот да се покачи. Секоја нереална проценка, поверениците се тука, да се остава за Второстепена комисија и тие да излегуваат, а со тоа ќе докажиме дали линијата е подобрена или не е подобрена, изјави Стомнароски, потенцирајќи дека тоа се механизмите со кои тие можат да настапуваат за подобрување на состојбата со откупот.

Просечната откупна цена на преземени 6 милиони и 300 илјади кгр изнесува 167 денари за кгр.

Општина Долнени е локалната заедница која произведува најмногу тутун на Балканот, годинава се очекуваат над 7 милиони кгр. Но само незначителен процент е предаден.

– Во Долнени најмалку се откупува, и таму динамиката е најмала. Имаме над 7 милиони килограми, а само 5 отсто дали е досега откупено. Бараме што повеќе да се откупува од сите откупни претпријатија, да се зголеми динамиката и пофлексибилна линија. Отворени се сите откупни компании, но сите не почнале. Кај нас е наслаба просечната цена со околу 150 до 155 денари за кгр, вели Месут Рушити, од општина Долнени.

 И во Источна Македонија тутунот се откупува со бавно темпо, а линијата на проценка е ниска.

– Динамиката на откупот во општина Конче, сега засега е катастрофална. Неколку пунктови откупуваат само по 100 тина картони, илјада килограми и во 11 часот пунктот се затвора, велат дека дневната динамика на откуп е исполнета. Затоа ние како здружение апелираме до сите откупувачи да се зголеми динамиката на откуп, зашто има луѓе кои сеуште не започнале со предавање на производството, вели Живко Василев, од општина Конче.

Иницијативниот одбор од групата Македонски тутунари најавуваат дека в понеделник, 4 ти јануари ќе се одржат протести пред Владата во Скопје.

Би можело да ве интересира

Ристески: Предвидуваме немилосрдна борба со корупцијата на секое ниво!

Пела Редакција

(ВИДЕО) Ние сме жртви на транзицијата, бараме само достоинствен живот, пензионерски протести во Прилеп

Пела Редакција

Од утре започнува со работа Автобуската станица во Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе