ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Гимназијата “Мирче Ацев“ќе им ги врати парите на учениците што им ги наплатиле за сведителства

934

Денеска Сојузот на средношколци ги објави имињата на четирите средни училишта кои наплаќале пари од учениците за изработка на свидетелства, иако истите треба да се бесплатни. Меѓу средните училишта за економија и за медицина од Тетово, скопската гимназија „Зефљуш Марку“,се најде името и на прилепската гимназија „Мирче Ацев“ која наплаќала пари од учениците за изработка на свидетелства.

Парите на учениците на који им е наплатено за сведителство, ќе им бидат вратени со подигнување на сведителствата за завршена учебна година – информира,кусо, за нашиот медиум, директорот на Гимназијата „Мирче Ацев, Диме Настески.

Инаку, Сојузот на средношколци при оваа прилика го повика инспекторатот да интервенира за незаконско наплаќање за свидетелства на ученицита, а од Бирото за образование побараа одговор зошто се уште не се обезбедени образците по регуларен пат. Од таму им порачаа на училиштата да ги вратат парите што ги наплатиле и да не прават бизнис од јавното образование

– Во година во која наставата беше онлајн со полуобучени или воопшто необучени наставници, срамно е на учениците да им се наплаќа за свидетелства, велат од Средношколски сојуз.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: