ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Горивата изгор, кои се алтернативите – ПрилепНаТочак!

274

„ Во знак на еколошка и урбана свесност, во знак на искреност и добронамерност, секоја година, цел Мај месец, градоначалникот заедно со цела општинска администрација да доаѓа на работа со точак.“ има предлог Далибор Јовановиќ на анкетата на Радио Пела „Кои се најгорливите комунални проблеми во Прилеп“.

Во услови на енергетска криза кога секојдневно се влошува со зголемување на цената на горивата, логично е да се размислува на алтернативни превозни решенија. Колку постоечката улична мрежа, сообраќајниот режим, сообраќајната култура е доволна за граѓаните да ги побараат велосипедите од визбите и почесто да ги користат?  Со конкретни предлози и барања до општинската власт се обрати неформалната група на ентузијасти кои се залагаат за подобар вело Прилеп – ПрилепНаТочак, што беше повод за гостување во програмата „Радиото што се гледа“ на Даме Димески. Ова се нивните барања:

„ 1.Градоначалникот заедно со МВР и пајакот од ЈП за ПУП да ги ослободи јавните површини од непрописно паркирани автомобили, и хаварисани возила. Обврска согласно Законот за локална самоуправа. Оваа акција потребно е да се спроведува на поголем дел од градот во текот на цела година.
2 На сите улици во градот да се оспособат пешачките површини (тротоарите), за полесно движење на пешаците, мајките со колички и лицата во инвалидски колички. Пример новата кејска улица од мостот Димо Наредникот па се до железничкиот мост од двете страни на коловозот нема пешачка површина.
3. Заедно со ЈКП Комуналец да ги отстранат т.е. да ги преместат контејнерите кои го попречуваат движењето на пешаците и велосипедистите. Нишките кои се направени за поставување на контејнерите да се отстранат оти истите го попречуваат движењето на ранливите категории граѓани.
4. Задно со ЈКП Комуналец да се направи нов режим на собирање на комунален отпад низ градот. Секое утро се прави голема гужва во периодот од 7.30 до 8.30 кога поголем дел од граѓаните бидат на работа, а вработените во ЈКП Комуналец во тој период го собираат отпадот.
5. Сите пешачки премини да се обезбедат со оборени ивици за полесно движење на ранливите категории граѓани.
6. Да се обезбедат премините пред сите основни средни училишта во градот. Кренати пешачки премини за полесно преминување на учениците. Со тоа автомобилите ќе мораат да застанат пред пешачките премини.
7. Да се направи меѓусебно поврзување на постојните велосипедски патеки со што ќе се поедностави пристигнувањето од точка А до точка Б низ градот.

8. Сите пешачки пристапи околу основните и средните училишта да се ослободат од паркирани возила, како би се зголемила безбедноста на учениците. ОУ Кире Гаврилоски, ОУ Климент Охридски и ОУ Кочо Рацин се целосно блокирани со автомобили.

„Потребна е поголема соработка со надлежните општински институции, Градоначалникот, Советот на општината, јавните комунални претпријатија. Ние сме неформална група која што лобира за подигнување на свеста за сообраќајната велосипедска култура. Во Прилеп се регистрирани над 20 илјади возила, немаме податок колку велосипеди има, но градот има традиција за користење на велосипед, она што недостига е соодветна безбедна инфраструктура“, вели Димески.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: