ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Градската болница се закити со признание од Владата

316

Владата денеска им врачи признание на вработените во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ Прилеп  во знак на почит за придонесот кој што го направија за време на пандемијата. Признанието е за високото ниво на професионалност, сплотеност и колегијалност, а посветено на сите здравствени работници кои несебично беа вклучени во борбата со ковид пандемијата.

„Раководството на нашата болница го посети инфективно одделение и им честиташе на истрајноста,посветеноста и спроведувањето во пракса на новите протоколи за работа во однос на лекувањето на болните од Ковид!

Нашите инфектолози покажаа голема храброст и пожртвуваност и голем етички морал и посветено одговорија во справувањето со пандемијата дури и кога на некој не му изгледаше така.
Денес состојбата е порелаксирана,намален е бројот на болните па веќе размислуваме за посилна соработка на сите нивоа на здравствена заштита на институциите во земјава но и поголемо почитување на животната средина.
Честитки за инфективно,но честитки и за целиот здравствен и помошен кадар вклучен во негата и лекувањето на болните.
Благодарност на нашите вработени од сите профили кои на било кој начин го дадоа своето учество во сите ковид пунктови“, напишаа по тој повод од Градската болница на социјалните мрежи.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: