ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Хафинетс: Инвестираме во иднината – донација на Гентерм за прилепските детски градинки

1.730

Прилепските градинки добија досега најголема донација од постоењето, а според најавите на менаџерскиот тим на Гентерм, и во иднина ќе продолжи соработката меѓу оваа општествено одговорна компанија за подобрување на условите за работа и престој на децата во ЈОУГД „Наша иднина“. Инвестициите ќе се реализираат според зацртаните приоритети.

–  Нашата стратегија не е да направиме само една донација во детските градинки, туку нашата стратегија е да бидеме сигурни во реализација на постојани донации, и затоа одиме чекор по чекор. Дискутиравме за ова минатата година со директорот за тоа кои се приоритетите во градинките и најважното од тоа го реализираме оваа година. Ова денеска е еден од првите чекори. Започнавме во 2019 та година, но за време на пандемијата се  фокусиравме на болниците со поддршка на медицинскиот персонал. Со вакцинацијата можеме да го запреме тој приоритет и да се насочиме кон иднината. Секако нашата иднина се нашите деца и затоа сакаме да инвестираме во иднината, рече Андриј Хафинитс, менаџер директор на Гентерм Македонија.

Високо професионалните енергетски ефикасни машини ги заменија дотраените, повеќе од 3 децении стари машини за перење и сушење засега во три градинки. Воедно, со донацијата се поставува и нов ламинат.  

– Општествено одговорната компанија Гентерм денеска донира една од најголемите донации од преку 31 илјади евра содржани во следното: 6 индустриски машини за перење и сушење во градинките Гоце Делчев, Мирче Ацев и Тризла. Исто така компанијата донираше 750 м2 ламинат, во вредност од 6 илјади евра. Сакам да им се заблагодарам донацијата е во целост спроведена, ќе оди чекор по чекор, инсталирани се првите машини, а потоа ќе бидат и во другите градинки во период од 3 месеци, рече Орце Тодоровски, директор на ЈОУДГ „Наша иднина“.

Инаку, со релаксирање на мерките во прилепските градинки бројот на згрижени деца се зголеми од 600 на 700 деца. Најдобрата солуција е како што потенцира директорот Тодоровски, градинките да проработат со полн капацитет со 1 200 деца, што би се реализирало доколку епидемиолошката продолжи да се подобрува.  

Во знак на благодарност кон Гентерм за донацијата, децата изработија слика со отпечатоци од нивните рачиња.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе