ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепскиот театарот се „раздвижува„

691
Режисерката Драгана Милошевски – Попова

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ја подготвува претставата “Светулки“, по текст од Тена Штивичиќ, во режија на Драгана Милошевски – Попова, која прв пат соработува со прилепскиот театар. Премиерата е планирана за крајот на јуни, а ова е прв проект што го реализира театарот, поддржан од Министерството за култура за 2021 година.
Во претставата игра поголемиот дел од Ансамблот на театарот. Драматурзи се Ивана Нелковска и Лидија Митоска Ѓоргиовска, сценограф е Валентин Светозарев, а костимите се на Розе Трајчевска. Музиката ја изработува композиторката Ирена Топовиќ Драговиќ од Србија.

Текстот третира актуелни прашања кои се поврзани со индивидуалната потрага на животниот пат. Драмата „СВЕТУЛКИ“ од хрватската авторка Тена Штивичиќ претставува предизвик за секоја театарска продукција. Протагонистите се заглавени во еден аеродром, на пола пат до својата конечна дестинација и не можат да го
продолжат својот пат поради неочекуваното невреме. Заглавени во таа транзит зона тие ги преиспитуваат своите животи, желби, своето минато, тоа за кое копнеат и тоа кое сакаат да го заборават. Во една навидум едноставна и минлива состојба тие прават силни одлуки кои ќе им го променат животот и целиот светоглед.

Тена Штивичиќ е една од најпоставуваните хрватски авторки кои со својот ненаметлив стил дава искрена слика за тоа како изгледа животот во 21 век преку призмата на различни секојдневни ликови претставени од неколку различни генерации и социјални профили. Нејзините ликови се луѓето кои ги среќаваме насекаде, со кои се
разминуваме, со кои разменуваме мислења, со кои се дружиме, со кои го поминуваме нашето време… Сите тие кои минуваат низ различни аеродроми за да ја најдат својата конечна дестинација која ќе ги направи среќни.
Современиот пристап во сценското прикажување на режисерката Драгана М.Попова филигрански ќе го надополнува дејствието давајќи му суптилност и леснотија во играта. Претставата треба да ја оствари таа интимна врска со публиката преку откривањето на навидум едноставните, секојдневни животи во контраст со тежината која тие ја содржат и ја носат со себе.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе