ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Хуманитарен концерт во чест на Тоше

354

Во спомен куќата  „Тодор Проески“ во Крушево, утре среда 29 јуни со почеток во 19:30 часот, ќе се одржи хуманитарен концерт „Детска насмевка за овој свет“. Настанот е по повод неговиот прв концерт на градскиот стадион во Скопје кој денес го носи неговото име.  На концертот во чест на Тоше ќе настапуваат млади таленти кои ќе се интерпретираат негови песни, во организација на Play Without Boundaires со поддршка на Спомен куќата во Крушево.

„29ти јуни е ден кој е особено значаен за Тоше, посебен ден во неговата кариера, ден на кој е запишан неговиот прв концерт на градски стадион кој сега е именуван по неговото име. Талентирани уметници како Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска ќе ги изведуваат безвременските хитови на Тоше, поддржани со музичките групи Инвиктус и Мелем“, велат од организаторите.

Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање на слух кај новороденчиња во Македонија

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: