ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Хуманост на дело – донација на Аптеки ВИВА ФАРМ 2005 за Здружението Надеж Надеж

625

Кога се здружат силите, хуманоста е посилна, тоа е пораката од донацијата што денеска ја доби Здружението „Надеж Надеж“. Како резултат на соработката што Радио Пела грижливо ја одржува со своите пријатели и спонзори ВИВА ФАРМ 2005, со аптеки во Прилеп и Кривогаштани, денеска се реализира донација која што ќе помогне во оваа здравствена криза во многу семејства.

Станува збор за околу 1 600 пакетчиња – помошни лековити средства за намалување на болки при мигрена, главоболки, забоболки и мигрена за ублажување на здравствените проблеми.

За распределување на помошта ќе се погрижи Здружението Надеж Надеж кои пак, се познати по своите хуманитарни активности и несебично работат и помагаат онаму каде што треба да се подаде рака во тешките моменти.

Сигурни сме дека секоја помош е добредојдена, а особено кога е подарена од срце.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: