ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Хуманоста на дело на концерот од The Hounds – Градска Латино ноќ нов хуманитарен предизвик

779

По фантастичната ноќ на евергрини и неверојатната вечер во ритамот на 80–те, Јавен Простор – Прилеп, пред градскиот Саат,  в недела, на 19 –ти август ќе ја понуди  третата Градска забава  –  латино вечер. Латино забавата ќе ја води  латино–мајсторот DJ DEJAN_PETE, конгите на Дуко, како и  Kangoo Club Dandelion Dance – Prilep, а  MetaComputers ќе го претворат Саатот во егзотична јавна дискотека.

Од Јавен простор порачуваат „Спремајте ги ламбада сукничињата, шарените кошули и штиклите.„

Но, оваа забава има и хуманитарна цел. И, оваа вечер, како и на забавата на The Hounds сите посетители можат да донираат и да учествуваат во хуманитарната акција која ја организра Јавен простор – се со цел да им помогне на Центарот за деца со посебни потреби, за набавка на клима уред.

„На роденденскиот концерт на The Hounds беа собрани 7. 854 денари и 1 американски долар“-    информираа од  Јавен простор. А, на Латино вечерта се надеваат дека повеќе посетители ќе ја искажат својата хуманост.

Утре, пак, сабота, ново изненадување  од јаен простор.Следи  4 –тиот Креативен Пазар, кој  Јавен простор ,овој пат ќе го организира  заедно со Младинскиот Информативен Центар  и ИНФО СЕГА ,кои ќе организираат  летна креативна работилница за деца, каде можат да учетуваат сите креативни деца.

Инаку, Целта на креативниот  пазар,кој се организира по четврти пат  е запознавање и претставување на луѓето што творат/произведуваат кративни предмети во локалната заедница, поддршка на локалната економија,к ако и  размена на идеи, искуства и производи.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: