ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„И јас сум Дедо Мраз“ пристигна во Прилеп

990

Во Прилеп пристигна хуманитарниот караван „И јас сум Дедо Мраз“ од здружението „Проект среќа“. Покровител на акцијата е компанијата „Comfy Angel“. Овој проект досега направи рекорди во колективното донирање и хуманост, особено со оглед на тоа што се работи за нови, купени работи специјално за оваа намена од страна на оние кои донираа. Компанијата Комфи Ангел во Прилеп во реализа

цијата на акцијата соработува со црквата Свето Благовештение – Стара црква.

– Причината за поддршка на овој проект е пред се поради што беа вклучени административците од компанијата. Во процесот на дарувањето колку што е важно компанијата да учествува на вакви хуманитарни активности, исто толку е значајно и самите вработени да се дирекно вклучени. Нашите вработени во административниот сектор издвоија одредени средства со кои набавија играчки и колетчиња за дечињата за кои им е најнепоходно. Кои се тие семејства и тие деца ја користиме соработката со црквата Свето Благовештение кои што во континуитет го работат проектот во кој што се вклучени децата во семејства со помали финансиски примања, што пак не значи дека се помалку среќни од нас, рече Ирена Јакимоска – косопственик на Комфи Ангел.
Десетина години, а можеби и повеќе МПЦ претставувана од храмот Свето Благовештение од Прилеп, прилепското архиерејско намесништво организира хуманитарни акцији во очи на сите големи христијански празници.

– Оваа акција ја спроведуваме ние како парохиски свештеници во соработка со нашите вработени. Ние ги посетуваме домовите и имаме целосна прегледност кои семејства имаат потреба од помош. Имаме бројка од околу 100 семејства за кои донираме она што ќе собереме, благодарение на нашите претпријатија од градот. Голем број на фирми се вклучени во донаторските активности, па дури и тезги од градскиот пазар даруваат прехрамбени артикли со цел да се збогати тој фонд на артикли кој што луѓето го очекуваат. Даруваме храна, облека, обувки, постелнини и се она што верниците го насат во црквата, веднаш по неколку дена по Нова година, се дистрибуира до семејствата каде помошта е неопходна. Често имаме семејства кога е потребна финансиска помош, па црквата излегува во пресрет и несебично помага, вели отец Блаже Стојаноски.
Благодарение на несебичната помош, околу 300 деца во Прилеп ќе ги посети Дедо Мраз и ќе предизвика среќа пред Божик.
Дедо мразот на „Проект среќа“ е се уште на пат низ Македонија, и планирано е да се израдуваат вкупно околу 1.000 деца.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: