ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

И, Прилеп ќе субвенционира набавка на инвертори и велосипеди

1.426

По принципот  „прв дојден – прв услужен“ општината ќе ги субвенционира граѓаните кои ќе набават инвертер клими или велосипеди , се со цел почист воздух и намалување на аерозагаденоста. Ваква одлука донесоа советниците на денешната седница на Советот на Опшина Прилеп . Предвидено е 400 граѓани да бидат субенционирани со клима уреди, а 200 со велосипеди. За оваа цел од буџетот на општината се одвоени 6 милиони денари, одлука, која едногласно ја донесоа советниците, кон крајот на  минатата година на последнат седница.

 

„Од буџетот на Општина Прилеп се одделени 4 милиони денари за субвенционирање на набавка на клима уреди и 2 милиони денари за велосипеди. Со усвоениот правилник, на граѓаните ќе им бидат субвенционирани 50% од цената на трошоците, а најмногу до 10.000 денари за инвертори и 5.000 денари за велосипеди. Постапката за аплицирање ќе биде на основа на принципот ‘прв дојден, прв услужен’, врз основа на искуството кое го имале другите општини и Министерството за економија“ –истакна  претседателот на Советотот на Општина Прилеп , Миле Талевски

 

На денешната седница советниците го усвоија годишниот извештај за реализирани активности на Детски градинки ‘Наша иднина’ , дадоа согласност на Програмата за реализација на дејноста, со финансискиот план за 2020 година на Градската библиотека ‘Борка Талески’, го усвоија кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Прилеп за четвртиот квартал од 2019 година и предлог одлуката за проширување на средствата на буџетот за 2020 година.

Советниците ја изгласаа и предлог одлуката со која на синот на Евгенија Најдоска му се доделуваат средства во висина од 250.000 денари, кои беа собрани на турнирот во мал фудбал ‘Свети Никола 2019’, за натамошно лекување.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: