ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ИН МЕМОРИАМ – Почина Ѓорѓи Гешоски

2.016

Почина, Ѓорѓи Гешовски, (83 години) атлетичар,  атлетски работник и професор. Погребот на починатиот Ѓорѓија ГЕШОВСКИ ќе се изврши во 11.00 часот, на новите гробишта во Прилеп ,утре ,(сабота)16ти ноември.Денеска Прилеп и атлетиката изубија еден голем сограѓани, човек спортист,  атлетичар,тренер, спортски работник, високо почитуван.

Веста за смртта на голмиот спортист, човек со големо спортско срце , кој обучил многу спротски генерации, кој му ја всадил љубовта кон спортот, особено во атлетиката , во срцата на 1000 спортисти, прилепчани и оние кои не се од Прилеп, навистина предизвика празнина.

 

Само пред неколку дена , на 3-ти Ноември, професорот Ѓорѓи Гешоски,  со одлука на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на општина Прилеп, ја доби највисоката престижна награда на  градот Прилеп, наградата за животно дело – Златна плакета , за неговите достигнувања и афирмација на атлетиката и развој на спортот. Со неговиот ведар дух, тогаш  на говорницата, при доделувањато на нагрдите рече: „Планирам уште 16 години да бидам тренер,  дури да наполнам 100, па после ќе размислам…“

Иако имаше  83 години тој  уште беше тренер во атлетиката. Ги обучуваше младите членови на АК Стеваноски (некогашниот АК Трети ноември) и  учествуваше со нив на домашни и странски натпреварувања ,продолжувајќи со освојување медали.

Во својата 50 годишна активна работа во спорот , во атлетиката, обавувал повеќе функции во атлетскиот сојуз на поранешна Југославија,  во АФ на Македонија.  Бил делегат во собранието на АСЈ , член на стручниот совет за младинска атлетика ( период крајот на 60-те почеток на 70-те години). Како тренер во реперезентацијата на Југославија учествува на повеќе меѓународни натпревари. Исто така учествувал и на Олимписките игри во Минхен 1972 година.

Во последниве години  беше член на извршен одбор на АФМ, Претседател на тренерската организација кога можеби во Македонија имаше голем подем. Неговите атлетичари се носители на медаљи од натпревари од поранешна СФРЈ од Балкански игри, и сопственици на повеќе Национални рекорди. Меѓу Најдобрите може да се набројат: Сотир Гавриловски, Славица Коцеска, Соња Мицеска, Теодора Коцоска, Даниела Кулеска, Катерина Димеска, Христина Ристеска, Александра Спасеска, Ицко Јанкоски и др.

Роден е во с. Беловодица, Прилепско 1936 г. Од 1941 год. живеел во с.Плетвар, а потоа семејството се преселува во Прилеп . Средно фискултурно завршува во Скопје и Земун, а  1954 година се вработиува во Скопје, во училиштата ,,Ѓуро Салај” и ,,Кирил Пејчиновиќ”. Атлетиката му станува животна определба во средното фискултурно во Скопје и оттогаш од неа не се разделил. Негово дело се двете македонски олимпијки – Даниела Кулеска, во Сиднеј и Атина и Христина Ристеска, во Лондон, а до последниот ден од неговирот живот тој типирше и за третата кандидатка на олимписките игри,  15-годишната Марго Бојаџиева, негова атлетичарка, кој ја подготвуваше за член на делегацијата за летната Олимпијада во Токио 2020 г..

Почивај во мир голем човеку!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: