ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Прилеп ќе се гради затворен спортски базен

1.387

Затворен спортски базен, е едeн од капиталните проекти, зацртан за реализација во двегодишната развојна програма на Општина Прилеп, за период 2020/2021 год. Спортско – рекреативниот базен е предвиден да се гради во нас. „Точила„,  во период од јуни 2020, а да заврши во јули 2021 г., на простор помеѓу ООУ „Блаже Конески“ и СОУ “Р.Р Ричко“ , “ со цел да биде наменет за учениците, а се разбира, во слободните термини него може да го користат и граѓаните“-  истакна на денешната седница на Советот на Општина Прилеп,  градоначалникот , Илија Јованоски , говорјќи за „Предлог- планот за двегодишната развојна програма на Буџетот на Општина Прилеп за 2020„, која беше поставена како прва точка од дневниот ред.

Средствата од Буџетот за развојната програма ќе бидат наменети и за изградба на деттска градинка во нас. Точила, со капацитет за 250 деца, лоцирана до спортско рекреатвниот базен, како и за реконструкција на старата прилепска чаршија , каде е планирано промена на плочките, инфраструктурно уредување на улиците и пешачките зони и подземно спроведување на каблите кои од различни оператори висат над чаршијата од мај 2020 г.

„Со пет милиони евра , колку што се предвидени средства во двегодишната развојна програма , ќе го подобриме живеењето на нашите сограѓани“ – истакна од говорницата на Советот на Општина Прилеп, градоначалникот, Илија Јованоски.

Опозицијата ја поддржа предложената развојна програма, но кај нив остана скептицизмот дека можно е нештото да не биде  реазлизирано ,онака како што е предвидено и прикажано во дадениот момент.

Ирена Серијоска, од ВМРО ДПМНЕ го потсети градоначалникот на недовршените, а ветени проекти за 2019 г: изградбата на градскиот стадион,  мостот кај Сточен пазар, ободниот канал кај Варош, изградбата на потпрони ѕидови..,“Проекти кои Вие ветивте дека ќе ги реализирате до 2019 год, а тоа не е направено,  што создава сомнеж дека и овие проекти не ќе бидат реализирани во предвидената временска рамка “ – рече таа на говорницата.

Градоначалникот објасни дека градскиот стадион ќе биде завршен до крајот на градежната сезона оваа година,  а што се однесува до тревнатито дел, тој нагласи дека тоа е во надлежност на ФФМ. Мостот, ќе започне да се гради за 20 дена и ќе биде изграден во наредните 3 месеци, а што се однесува до другите проекти, тој истакна дека овие три предвиден проекти,  затворен базен, деттска градинка и реконструкција на старата прилепска чаршија, се поприоритетни.

Дејан Проданоски од ВМРО ДПМНЕ , загрижено потенцира дека треба внимателно да се пристапи кон идејата за реконструкција на старата прилепска чаршија, “бидејќи таа е душата и срцето на Прилеп, кои опстијувал повеќе од 200 год.“- рече тој на говорницата пред советниците и градоначалникот  – “Ова е сериозна тема и не треба да се користи за дневополитчко препирање ,туку заедно со стручните лица од Завод и музеји, занаетчиите во старата прилепска чаршија и други експери да се анализира како ќе изгледа реконструкцијата, како е најдобро да се направат проеменитее  во  старата прилепска чаршија,  а не тоа да го прави секоја партија кој ќе дојде на власт како популистчка мерка“- рече совеникот од ВМРО ДПМНЕ, Проданоски.

На седницата беа разгледани и други тековни точки од работењето на дел од ЈКП  од Прилеп,у своени програми за работа и предлог одлука за оснивање на Општински совет за социјална заштита.

                                                     Антрафиле

А, пред почетокот на седницата, Претседателот на ОК На ВМРО ДПМНЕ -Прилеп,пред општинската зграда одржа прес конференција во која повторно се наврати на темата поврзана со изградбата на објект кај градскиот пазар .Тој меѓудругото рече:

„Ако до пред една недела градоначалникот Илија Јованоски и општина Прилеп преку бледо соопштение тврдеа дека токму тој нема никаква врска со објектот кој се гради во градскиот пазар, вчера Јованоски призна дека бил во роднинска врска со сопствениците.

Граѓаните се шокирани и со неверување гледаат на целата оваа работа, особено откако градоначалникот истакна дека дури сега разбрал дека се работи за дивоградба која не е предвидена во урбанистичките планови на општината и за која нема одобрение за градба.

Дури сега разбрал градоначалникот, а градежните работи на овој објект се започнати пред повеќе од месец дена!„

Па, упати прашања до градоначалникот:

“Постојат ли други вакви објекти кои без одобрение за градба и без да бидат предвидени во урбанистичките планови ги градат ваши роднини, братучени и внуци? Ќе тврдите ли повторно дека немате никаква врска и поврзаност, а потоа како и по обичај ќе ги погазувате вашите зборови?’

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: