ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ИН МЕМОРИАМ – ПОЧИНА МЕТОДИЈА КОСТОСКИ МЕШТА, прилепски менаџер, визионер и спортски работник

5.940

Синоќа на 91 годишна возраст, почина Методија Костоски – Мешта(1930-2021), еден од најуспешните прилепски менаџери,визионер,спортски работник, широкограден човек, хуманист, џентлмен. Мешта беше човекот кој со големи менаџерски зафати благодарение на неговата стручна и  визионерска способност да ја издигне компанијата Металец од обична задруга – во гигант не само на просторот на Македонија, туку и на некогашна Југославија и Европа.

По вработувањето во „Механичар“ на 25 годишна возраст, по 6 години формира нова задруга ,,Напредок ”. Таму останува до 1969 год. и потоа оди во тогашен,, Трудбеник ” кој е во стечај. Ја продава својата кола ,, Шкода 1000 МБ” и со четворица вработени и тој петти, ја реновира халата и почнува да работи со производство на резервни делови за земјоделска механизација. Бидејќи Трудбеник е во стечај, на фирмата и’ треба ново име, ја прекрстува во,, МЕТАЛЕЦ ” која асоцира на работа во метална индустрија. Во 1972 год ,, МЕТАЛЕЦ ” има седиште во нивата хала наспроти Партизанка. Таму почнува вистинскиот развој на МЕТАЛЕЦ.

Во 1973 год. се преселува во новоизградените хали , каде има подобри услови за работа. Во таа година веќе се околу 300 вработени, сериозна фирма, со што му почнува енормниот економски раст. Почнува да договара поголема објекти за изградба со челични конструкции, кој меѓу првите објекти е и спортската сала од Тутунски Комбинат, погонот за Стоби флипс во Витаминка, термоелектрана во Косово, Какањ во Босна и други објекти. Најважната обврска на Мешта му е да вработените имаат добра плата, како и теренски додаток, добра кујна и оброк, да се задоволни со ХТЗ опремата, како и најважно да има дисциплина. Исто така, многу помагаше и во изградбите на куќите од вработените кога имаа некој проблем околу градбите. Со таквата поставеност во Металец, завладеа големо другарство, сплотеност меѓу вработените, како и добри резултати кои дојдоа во работењето.

По изградбата на спортската сала на Тутунски Комбинат во Прилеп, се редеа објектите како, РЕК-Битола, па во тогашна СФРЈ, електраната во Бор, Какањ, многу објекти и во Косово. Исто така се склучи договор со фирмата,, ВОСКАМ ” од Холандија за изградба на сите стакленици за раноградинарски производи во Македонија, во Струмица, Свети Николе, Охрид, Битола, Скопје, каде се изработените и монтирани 48 хектари стакленици. Како круна на залагањето од Мешта, дошле понудите и реализацијата на мостовите за извоз во Виетнам и Бурма, кои се изработените и извезени. Се појавила потреба за надоградба и обнова на механизацијата опрема од дигалки и автомати за варење на целичните конструкции како би одговориле навремено со договорените објекти. Имало многу понуди за работа, а старосната граница на вработените била 23 год., кои биле стручни  и одговорни за работните задачи. Металец стигнал до 600 вработени, а Мешта кога ќе земале плата бил негде 30 по ред на списокот по висина на платата, што значи монтерите биле по висина на плата пред него. Во тоа време во МЕТАЛЕЦ, велел Мешта„ незнаевме на парите што да му правиме, помагавме за плати на сите фирми со ќе ни побараа пари, а имаше премногу понуда за вработување“.

По долгогодишното искуство, со добар раководен кадар, со обучени и квалификувани, бравари, монтери, лимари, сега со долгогодишно искуство, стигна и опремата за побрза и поефикасна изработката на целичните конструкции и полесна и побезбедна монтажа. Се набавил автомат за автоматско варење на челичните конструкции, за побрзо и поефикасно варење, како и дигалките од Јапонија марка ,, КАТО ” – една 70 и друга 150 тонска, кои се во тој период единствени во Македонија. Со тоа створиле услови за поголеми предизвици.

„Ни нудеа работа во тогашна СФРЈ од Словенија, Хрватска, а многу бевме застапени во Србија, Косово, Црна Гора и Босна. Имавме премногу работа и почнавме да ги одбиваме фирмите за работа, затоа што не можевме и со таа опрема и околу 650 вработени, да стасаме од работа. Во тој период ни беа мали и канцелариските простории, затоа што се зголемивме како фирма, па решив да направам и нова управна зграда. Управната зграда беше една од најубавите во Македонија. Во тој период бевме коминтенти во ,,ИНВЕСТ БАНКА ” сегашна Шпаркасе, па и оснивачи на експозитурата во Скопје.

Методија Костоски Мешта, не само што и денес претставува пример и легенда за модерен менаџер, беше легенда на прилепскиот фудбал. Настапувал во ФК,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ” подоцна играл во ФК ,,ПОБЕДА”, спортски работник, и потоа претседател на ФК,, Победа” 1979-1980.

Погребот на посмртните останки на Методија Костоски Мешта е денеска на новите градски гробишта.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: