ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Овезоски: Учеството на македонската фудбалска репрезентација на ЕУРО 2020 е од голема важност за Македонија (ВИДЕО + ФОТО)

606

Учеството на македонските фудбалери на европското фудбалско првенство ги разбуди емоциите кај љубителите на фудбалот ширум земјав а. И покрај тоа што заврши дебитантската приказна на една завршница за Македонија сепак впечаток е дека од ова нивно претставување најмногу доби Македонија и неуморните навивачи на кои има се исполни сонот , својот национален тим да го гледаат на едно големо натпреварување .Гостин во нашата програма ЗАЕДНО НА ЕВРОПСКО СО РАДИО ПЕЛА беше Кирил Овезоски , координатор на младинските категории во фудбалскиот клуб Победа , кој за време на гостувањето истакна дека цела оваа фудбалска еуфорија треба да ја искористи ФФМ и во наредниот период да им даде стимул на младите таленти , подобрувајќи ја спортската инфраструктура во земјава , зошто како што вели тој од младите категории излегуваат новите носители на фудбалската игра во македонскиот национален состав.

Овезоски потсети и на подобрите времиња на функционирање на прилепска Победа а не изостави и да каже за успесите на младинските категории на прилепскиот клуб кои ги постигнаа изминатиот период.За ова но и за тоа колку Овезоски е задоволен од европскиот фудбалски шампионат , погледнете во видеото од целосниот разговор.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе