ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ин мемориам: Зафир Хаџиманов ја игуби битката со корона вирусот

1.111

Македонскиот филмски актер, пејач и композитор, Зафир Хаџиманов починал од коронавирус, објавија српските медиуми.Зафир Хаџиманов имаше 77 години , половина век успешната кариера. Неговата богата кариера ја дополнуваат многу значајни награди, одлични песни и театарски улоги. 

Samo ovo da ostane od Senke i od mene – DOVOLJNO ZA VEČNOST!!!!!!!!!!!!-напиша Зафир !

Зафир Хаџиманов е автор е на стихозбирките „Шансони на хартија“, „Азил“, „Народен пејач“, „Пес-Пејачка“ и „Брат“, објавени на македонски и на српски јазик. Исто така, тој играл главни улоги во неколку филмови, како, на пример, „Македонска крвава свадба“.

Зафир Хаџиманов е носител на повеќе награди и признанија на фестивали за поезија и музика, меѓу кои на Струшките вечери на поезијата, во 1975 година и на Интернационалниот фестивал на шансони во Загреб, во 2003 година.

Од бројните песни што ги испеал, најпознати се: „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, Од љубов не се бега“ итн. По повод 55 години од неговото музичко творештво, на 28 ноември 2014 година бил промовиран неговиот компилациски албум со 19 песни, којшто во тираж од 10.000 примероци, на 3 декември бил дистрибуиран како подарок, во склоп на списанието „Теа модерна“. Проектот бил поддржан од Министерството за култура на Македонија, а издавач на албумот била продукциската куќа „Пасворд“.Во 2007 година, Зафир Хаџиманов бил промовиран во почесен амбасадор на културата на Македонија во Србија.

Тој беше оженет со пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ, со која го има синот Васил Хаџиманов, познат џез-музичар.

Зафир исто така беше писател, шоумен и голема ѕвезда на златното доба на југословенските шансони.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: