ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Исплатата на мајските пензии почнува од среда 27 мај

445

Исплатата на мајските пензии почнува од среда, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Предвремената и етапна исплата на пензиите се реализира втор месец, со цел поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот COVID-19.

Пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат,веќе, од среда 27 мај. Тие можат да ја подигнат мајската пензијата на банкомат или да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

– Во среда, на 27.05.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

– Во четврток, на 28.05.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– Во петок, на 29.05.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– Во понеделник, на 01.06.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Етапното процесирање на пензиите, информираат од МТСП, ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: