ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Од утре започнува со работа Автобуската станица во Прилеп

876

Од утре, 26 мај , вторник , Автобуската станица – Прилеп, односно меѓуградскиот превоз започнува да функционира, со редуцирани возни линии.  Дел од превозниците сеуште го немаат потврдено започнувањето на работењето и одржувањето на редовните линии, но одреден дел од линиите ќе бидат активни, како што се линиите за Кичево, за Скопје преку Кичево и доколку сакаат транспортните претпријатија “Транскоп„, “Галеб“, би започнале и линиите до Скопје и Битола .

„Самите превозници одлучуваат дали ќе возат и под кои услови ќе работата и дали нивното работење е рентабилно.  Предлогот е даден да се превезуваат половина од патниците од капацитетот на превозното средство. Тоа би значело дека ако во автобусот има 50 -сет седишта, само на половина од нив ќе се превезуваат патници , односно седење на патник на две седишта.  Задолжително е носење на заштитни маски и ракавици! Од  01-ви јуни ќе бидат потврдени меѓународните патувања.„ –  истакна Борче Чупетрески, менаџер на автобуската станица –Прилеп

Во однос на препораките кои се дадени од владата, задолжително растојание од два метри помеѓу двајца патници, тоа е невозможно да се изведи во помалите комбиња  и многу  тешко во автобусите.

„Замислете, ако се почитува тоа правило во еден автобус треба да патуваат четворица до петмина  патници . Тоа економски е неисплатливо за операторите кои вршат транспорт на патници и затоа овие два месеци беа прекинати сите линии кои функционираа.  Доколку мерките бидат редуцирани, технички, автобусите би можеле да превезуваат патници, за да би имале некаква финансиска исплатливост и да започне да работи меѓуградскиот сообраќај “-додаде Чупетрески за Радио Пела во емисијата #SediDomaSoRadioPela

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе