ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Итен состанок за спас на македонското земјоделство!

865

Огромното покачување на цената на нафтата и најавите за можни секојдневни корекции на цените на горивата ја прели чашата кај земјоделците. Новоформираните тутунски покренуваат иницијатива за итен состанок со претставници од сите земјоделски здруженија пред почетокот на новата производна сезона на координација за следни чекори и иницијативи за спас на македонскиот аграр. Во јавниот повик се наведува :

“Почитувани земјоделци, последното покачување на дизел горивото од 10 денари ја прели чашата на и така катастрофалната ситуација во која се наоѓа нашето земјоделие но и ние како земјоделци.

Ако цените на ѓубривата и репроматеријалите со кои сме соочени во моментов не доведуваше до знак прашалник и дали воопшто во вакви околности вреди да произведуваме каде и стандардот ни е тотално уништен и нашиот производ заради ниските откупни цени обезвреднет до понижување и загуба, целкупното наше производство во една ваква ситуација е бессмислено.

И затоа заради овие лоши земјоделски политики и катастрофалното менаџирање со овој сектор доведени сме до крајно фрустрирачка и потценувачка ситуација и сме на прагот да ги оставиме нивите необработени а жителите на оваа држава без храна.

Затоа ИТНО ги повикуваме сите Земјоделски здруженија од сите гранки на средба на ден 10 03 2022 во Прилеп со почеток во 17 часот. Со тема СПАС НА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА.

БОРБАТА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ Е БОРБА ЗА ОПСТАНОКОТ НА ДРЖАВАТА.

Затоа ВРЕМЕ Е!!! ИЛИ ЌЕ ПОСТОИМЕ ИЛИ НЕ

ОД НАС ЗАВИСИ! “, стои во јавниот повик на новоформираните тутунски здруженија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: