ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Излезе новиот кавер на Божидар Николовски “ Fly me to the moon”

608

Малиот Чола од Битола или Божидар Николовски продолжува да ја изненадува публиката со новитети кои предизвикуваат големо внимание, поради стилот, начинот и пристапот кон музиката воопшто, а овој пат во ретро верзија од опусот на големиот Синатра.
Радио Пела: Зошто токму Синатра и што беше причината во промена на стилот?
-Ова е мој трет кавер на кој што сум работел во мојата досегашна музичка кариера, но овој пат се одлучив за малку поинаков звук и сосема поразличен јазик, овој пат станува збор за англискиот јазик и песната “Fly me to the moon” од големиот Френк Синатра. Ова е сосема поразлично од сето тоа што до сега сум го работел. Тоа беше и поентата да се разликува од останатите проекти на кој што сум работел и воедно да биди сосема неочекувано за публиката која што ја слуша мојата музика и ме следи, во кое што и успеавме, барем судејќи по коментарите кои што ги добивам откако е излезен каверот па се до сега, за кое посебно се радувам.
Радио Пела: Кога Божидар ќе се претстави со првата песна?
Овој кавер е најава на она кое што следи, а тоа е мојата нова, а воедно и втора авторска песна која што се подготвува ако се биде како што треба ќе излезе за два до три месеци, а до тогаш публиката може да ужива во мојата прва песна со наслов “ Да си моја” и со моите предходни проекти на кои сум работел и се разбира во “ Fly me to the moon” и мојата верзија!

Проследете го видеото од новиот кавер на Божидар Николовски:

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: