СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Изложба „Геолошки пресек“ од уметникот Давид Атанасоски од Прилеп

236

ЦК„Марко Цепенков“ вечерва од 19.00 часот влезното фоаје ќе биде домаќин на изложбата „Геолошки пресек“ од уметникот Давид Атанасоски од Прилеп.

Оваа монументална скулптура , изработена за манифестацијата „Нов културен бран“, е составена од два дела чија симболика го објаснува насловот „Геолошки пресек”.

„Моја главна цел е преку една ликовна интерпретација на геолошките деградации на земјината кора да го моделирам моето уметничко дело користеќи секундарни материјали, во овој случај дрвени штици и хартија. Употребата на овие репродуктивни материјали индиректно се поврзува со идејата за интеграција и имплементација на еколошките, економските и општествените тенденции во глобалниот биолошки екосистем.
Скулптурата е со димензи 300 х 180 х 60 cm. што и дава монументален карактер. Составена од две накршени форми кои ќе образуваат еден цик цак мотив. Секоја од формите дополнително ќе образува серија на линии и структури кои ѝ даваат дополнителна сигурност и динамика на скулптурата.
Тектонските пореметувања и другите феномени во природата на овие наслојки кои сами по себе образуваат одредена структура од комбинација на линии и форми создаваат една серија на цртежи со цик цак мотиви. Овие градежни материјали ќе укажуваат на процесот со кој се создава или се гради ликовната творба која се поврзува со градењето во природата и наслојувањето на почвата во геолошките пресеци, вели уметниот Давид Атанасоски за скулптурата.

Давид Атанасоски е роден во Прилеп 1995 година.
Во 2018 година завршува факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство со конзервација и реставрација.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе