ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Изложба на слики на Марија Светиева во Прилеп

571

Во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ утре 12 април во 20.30 часот ќе биде отворена изложба на слики од м-р Марија Светиева од Скопје.
За изложбата „Изгрејсонца на животот“ Виолета Калиќ ќе рече меѓу другото дека: „Делата се восхитувачко ведри, полетни со волшебна енергија на сугестивно, заводливо, вечно пролетно, со аура на магичен реализам, поместувајки ги границите меѓу јавето и сонот, соединувајќи ги световите на стварното и нестварното, на реалното и надреалното.“

Уметницата м-р Марија Светиева е родена во Скопје каде што дипломирала на Факултетот за ликовни уметници во Скопје (1987) , на отсек графика со графички дизајн, кај професор Димитар Малиданов. Истата година станува член на ДЛУМ (Друштво за ликовни уметници на Македонија).

Од 1988 година Светиева изложува самостојно во земјава и странство, а исто така учесничка е на голем број групни изложби уште за време на студирањето, па до денес. Добитничка е на бројни награди во областа на графиката на ДЛУМ за своите творби во Македонија, но и во странство.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: