ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Комуналците одсега ќе менуваат и улични сијалици

625

ЈКП „Комуналец„ во идина ќе ни ги менува уличните сијалици.  На денешната седница на Совет на Општина Прилеп е одлучено ЈКП „Комуналец“, со измена на Статутот да добие нова, дополнителна дејност  –  електроинсталациона дејност, со  што претпријатието добива овластување за одржување на уличното осветлување . Ингеренциите  ќе започнат во ноември.

„Дејноста ќе биде во согласност со програмата и нема да опфаќа одржување на електричната инсталација и да прави дополнителни трошоци на претпријатието .Имаме средства, имаме вработени, само би вработиле еден електроинжинер“ – истакна директорката на ЈКП „Комналец“, која нагласи дека со ова би се намалиле тендерските постапки  и издадоци за одржување на уличното осветлување и  би се овозможила заштеда за оваа услуга .

И, ЈОУДГ „Наша иднина“ направи промени- дополнување на систематицацијата на работните места за советник и скретар. Сега за овие работни места се бара познавање на еден од светските јазици.

Соведите едногласно изгласаа занаетчиската комора да го користи името “Прилеп“ во својот назив, а советниците одлучија  и за проширување на средствата на Буџетото на општината за 2019 за сума од 42.740.000,00 денари, средства кои останале неискористени од единките корисници, минатата година .И средствата се прернаменија

„За Градската библиотека се распределуваат средства во износ од 338.000,00
денари, во делот на основното образование 21.691.000,00 денари, а за средното
образование 4.611.000,00 денари. За капитални инвестиции во објектите на
детските градинки Тризла и Бончејца се издвојуваат 12.000.000,00, додека
1.792.000,00 денари ќе појдат во Домот за стари лица, кои ќе бидат искористени
за купување машини за перење и сушење на алишта, како и за замена на
постојната столарија“, истакна Миле Талевски, претседател на Совет на општина
Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: