ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Изложбата „УБАВИНАТА КАКО ХАРМОНИЈА И ЕДИНСТВО НА ПРОТИВРЕЧНОСТИТЕ“ од утре во ликовната галерија

294

Утре, на 2 септември, петок од 19.30 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „УБАВИНАТА КАКО ХАРМОНИЈА И ЕДИНСТВО НА ПРОТИВРЕЧНОСТИТЕ“. Ќе бидат претставени дела од деветмина сликари, Александар Џинго, Атанас Атанасоски, Бојана А. Трпческа, Ванчо Кеков, Верче Николоска, Марија Светиева Ергас, Марјан Стојаноски, Филип Јовески и Христина Мазнеска, а куратор на изложбата е Викторија Димеска, историчар на уметност.
Изложбата (од 2.9 до 16.9.2022 ) се реализира со поддршка на Министерството за култура.

Неопходноста од разгледување и редефинирање на различните сфаќања за суштината и улогата на естетската категорија убавина во современата епоха преку уметноста, како најсоодветна алатка за нејзино проучување, претставува основен мотив за реализацијата на проектот: „Убавината како хармонија и единство на противречностите“. Во ликовната уметност се разликуваат три вида на хармонија на елементите: хармонија по аналогија, хармонија по функција и хармонија по идеја.
Суштината на општочовечките вредности, како и нивното настанување, прифаќање и опстанок, претставуваат предмет на проучување на естетиката. Споменатите вредности и идеали најчесто се условени од разните историски текови кои доминираат во дадена култура. Во суштина, естетските идеали се „јавуваат и настануваат како хиперболизација на најдоброто“. Имено, коренот на естетскиот концепт според којшто убавината се дефинира како хармонија и единство на противречностите, проникнува од
учењето на античкиот филозоф Хераклит. Честопати, во раните филозофски сфаќања, убавината се поврзувала со други вредности како што се: умереност, воздржаност, хармонија и симетрија, рече Викторија Димеска, историчар на уметност.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: